„24 часа”: Кирил Петков ќе ја претставува Бугарија на Советот на ЕУ на 16 декември

1 min read

Кирил Петков, кој се очекува утре да биде избран за нов бугарски премиер, ќе го замени претседателот Румен Радев како претставник на земјата на последиот за оваа година европски совет во Брисел в четврток  на 16 декември, објави бугарската електронско издание „24 Часа”.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претходно беше планирано на последниот совет Бугарија да ја претставува претседателот на Бугарија Румен Радев.

Според изданието, лидерот на „Продолжуваме со промените” и најверојатно нов премиер на Бугарија од утре, Кирил Петков, сепак сакал тој да присуствува на европскиот совет и да преговара со другите европски лидери. Тоа ќе биде негово прво учество на самитот на ЕУ, каде ќе биде со новиот германски канцелар Олаф Шолц.

– Ставот на Бугарија зво однос на Северна Македонија останува непроменет, изјави вчера Петков за време на претставувањето на програмата на неговата влада пред новинарите во Народното собрание.

– Но, мора да се надгради за да има корист за двете земји, додаде тој, порачувајќи дека мора добро да се комуницира со неговите коалициски партнери.

Петков во Брисел ќе треба да ја брани рамковната позиција одобрена од преодната влада на Бугарија, според која Софија го одобрува почетокот на пристапните преговори во ЕУ за Албанија, но не и за Северна Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одбиена жалбата на Мерцедес, Ферстапен останува шампион

Следно

„Пиев литар ипол вотка дневно, бев во бездна“: Шокантана исповед на српската актерка за алкохолизмот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian