Вујовиќ не е повеќе тренер на РК Вардар 1961

1 min read

Лошите резултати се причина на половина од сезоната да се донесе за одлука Веселин Вујовиќ да ја напушти клупата на двократниот европски шампион, РК Вардар 1961.

Едноставно преголема е негативната серија на лоши резултати во Лигата на шампионите, после стартното реми во Норвешка со Елверум и двете домашни победи над Мешков Брест и Алборг, следуваа седум порази во низа.

И во домашниот шампионат скопските „црвено-црни“ ги разочараа своите навивачи со шокатниот пораз од вториот тим на Е. Пелистер.

За Вујо ова беше трет мандат на клупата на Вардар 1961, играчите ги очекува нов меч во Суперлигата против Охрид кој треба да биде подготовка за дербито со првиот тим на Е. Пелистер кое може многу да реши во трката за шампионската титула оваа сезона.

Вујовиќ за „24Ракомет“ ја потврди разделбата, велејќи во својата изјава дека тоа е најдобро за клубот во овој момент.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Укинати забраните за движење на камиони на Стража, Ѓавато и Пресека

Следно

Бериша до Стејт департментот: Однесете ги доказите против мене во Париз, во спротивно ја продолжувам мисијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian