ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Северен ветер во текот на ноќта, утре облачно со слаб локален дожд

1 min read

До крајот на денот врнежите ќе се преместуваат кон источните делови и до изутрина само локално ќе заврнува. Преку ноќта ветерот ќе премине во северен. Утре, особено претпладне, ќе има слаб локален дожд претежно на југоистокот и повремен снег во планинските региони, а понекаде на повисоките места повремениот дожд кој ќе преминува во снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 2 до 9 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Како што информираат од УХМР, во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако не се воведат мерки, нѐ чека голем бран на заразени со омикрон

Следно

ВИДЕО: Во Минхен се слави, Баерн на „плус шест“ од Борусија Дортмунд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian