Возач фатен со 4,14 промили алкохол во крвта

1 min read

МВР соопшти дека синоќа возач бил фатен со 4,14 промили алкохол е во крвта. Тој е еден од 157 возачи кои под дејство на алкохол возеле синоќа за време на полициските контроли.

Според достапните информации, рекордот во пијанство во автомобил постигнал прилепчанец во 2011-та, со измерени 4,83 промили.

Од МВР не соопштија во кој град или на кој пат бил запрен возачот.

МВР соопшти дека најмногу под дејство на алкохол се возело во Скопје и Битола:

Во текот на изминатата вечер (10/11.12.2021) во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив, 52 на територијата на СВР Скопје, 23 на територијата на СВР Битола, 14 на територија на СВР Штип…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Семејна идила: Божиќна честитка од принцот Вилијам и Кејт со деца (ФОТО)

Следно

Брегалница со пресврт триумфираше над Тиквеш во Првата лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian