Вооружен напад во пункт за вакцинација во Пакистан, еден полицаец мртов

1 min read

Вооружени напаѓачи нападнале двајца полицајци кои обезбедувале работници во центар за вакцинација против детска парализа во северозападен Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во нападот, а Мохамад Куразани, портпарол на Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП), група позната како пакистански талибанци, ја презеде одговорноста за нападот.

Тоа беше прв напад откако ТТП вчера го објави крајот на едномесечниот прекин на огнот со владата.

Во ноември беше воспоставен прекин на огнот поради мировните преговори меѓу пакистанската влада и ТТП.

Вакцинација против детска парализа

Нападот се случи во округот Тенк во провинцијата Хајбер Пахтунхва на вториот ден од петдневната кампања за вакцинација против детска парализа за 6,5 милиони деца, изјави Аимал Кан, портпарол на кампањата за вакцинација.

Полицаецот Сајад Ахмед изјави дека двајца вооружени напаѓачи кои се возеле на мотор отвориле оган врз полициската екипа која ги чувала медицинските работници ангажирани во вакцинацијата против детска парализа во областа Чадар.

Еден полицаец загинал на лице место, а друг е тешко повреден, но членовите на тимот за вакцинација не се повредени.

Пакистанските милитанти често ги таргетираат тимовите за вакцинација против детска парализа и полицијата назначена да ги заштити, тврдејќи дека кампањите за вакцинација се заговор на Западот за стерилизирање на децата.

Пакистан и соседниот Авганистан се единствените две преостанати земји во светот каде полиото е ендемично откако Нигерија беше прогласена за земја без вирус минатата година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервенира итната помош: Тешка сообраќајка во Влае, има и повредени

Следно

Застој во сообраќајот кон Маврово, кон Дебар се вози по една коловозна лента

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian