ВИДЕО: Снежната покривка во Хрватска затвори неколку автопати

1 min read

Во Лика, Хрватска, паѓаат големи количини на снег, а долж брегот дуваат силни ветрови, пренесува Танјуг.

Некои линии на траектите и бродовите се во прекин, соопшти денеска Хрватскиот авто клуб.

Во моментов нема слободен пат за камиони со приколки од внатрешноста кон Далмација и обратно, пренесува порталот Индекс.

Поради невремето, за сообраќај се затворени патиштата А1 меѓу Свети Рок и Поседарје, Јадранската магистрала меѓу Сењ и Света Марија Магдалена и мостот Паг.

Според информациите на Хрватскиот авто клуб од 7 часот и 30 минути, снег паѓа во Лика, каде на повеќето сообраќајници преовладуваат зимски услови. ХАК ги советува возачите да ја приспособат брзината и стилот на возење на условите на патиштата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УЕФА донесе одлука, Тотенхем пред елиминација од Конференциската лига

Следно

Велат дека е „двојничка“ на Кајли Џенер и дека го има најголемиот задник во шоу-бизнисот: Која е Анастазиа Караниколау?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian