ВИДЕО: Радев му го врачи мандатот на Петков за состав на новата бугарска Влада

1 min read

Бугарскиот претседател, Румен Радев, претпладнево му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска Влада на Кирил Петков, копретседател на победничката партија на изборите од 14 ноември „Промените продолжуваат”.

Претседателот Радев му посака успешен мандат во слободна, европска и просперитетна Бугарија, пишува БГНЕС.

Мандатарот Петков, од своја страна, изјави дека е почестен што ја презема папката со мандатот за формирање влада од претседателот на земјата.

Заедно со Петков, на чинот на предавањето на мандатот присуствуваа и вториот копретседател на „Промените продолжуваат”, Асен Василев, кандидатот за вицепремиер Калина Константинова и претседателот на пратеничката група Андреј Ѓуров.

Се очекува во 13 часот во зградата на Народното собрание првите луѓе на „Промените продолжуваат” да ја презентираат структурата и составот на новиот Совет на министри на Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МНР: Врачување на првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон

Следно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Домашни јуфки со спанаќ и ајварка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian