На крајот од денешниот собир кај мостот Газела во Белград, каде беше одржана едночасовна блокада, дојде до инцидент кога еден маж со автомобил „рено клио“ влетал во групата демонстранти која протестираше со транспаренти.
Како што пренесуваат српските медиуми, возачот до автомобилот поткачил еден од демонстрантите по што дошло до вербален судир меѓу возачот и насобраните, кој подоцна се претворил и во физички судир.
Граѓаните веќе трета недела по ред ги блокираат мостовите и автопатиштата за да ја натераат власта да не соработува со компанијата Рио Тинто. Претходните две недели демонстрантите бараа повлекување на Законот за експропријација и измена на Законот за референдум, што потоа и се случи.
ВИДЕО: Започнаа протестите во Србија, засега мирно на улиците