Напата позната готвачка Маја за денес ни подготви одлични домашни рецепти: домашни јуфки, со спанаќ или со ајварка, и соодветен сос во тегла. Погледнете како Маја ни ги подготвува денешните рецепти.
Домашни јуфки со спанаќ
300 г спанаќ
2 јајца
1 жолчка
2,5 чаши брашно
Морска сол
- Изблендирајте го спанаќот со една жолчка и ставете неколку капки маслиново масло и направете паста.
- Во брашното направете дупка и ставете малку маслиново масло, сол, 2 јајца и пастата од спанаќ.
- Со виљушка полека соединете ги брашното и течните состојки.
- Месете со раце се додека не добиете меко и гумено тесто.
- Оставете го 15 минути на страна а потоа направете топчиња и развлечете кори како за класични домашни јуфки со помош на машина или рачно.

Домашни јуфки со ајварка
1 пиперка ајварка
1 лажица Вегета Маестро димен црвен пипер
2 јајца
1 жолчка
2.5 чаши брашно
- Изблендирајте една црвена печена пиперка со една лажица димен црвен пипер, зелен бибер и малку маслиново.
- Во брашното направете дупка и ставете малку маслиново масло, сол, 2 јајца и пастата од пиперката.
- Со виљушка полека соединете ги брашното и течните состојки.
- Месете со раце се додека не добиете меко и гумено тесто.
- Оставете го 15 минути на страна а потоа направете топчиња и развлечете кори како за класични домашни јуфки со помош на машина или рачно.
- Домашните јуфки сварете ги посебно да не се мешаат вкусовите.
Совет: Измешајте ги со доволна количина на брашно и оставете ги на чиста подлога да се исушат а потоа можете да ги чувате во кутија или платнена вреќичка.

Сос во тегла
1 конзерва Подравка пелати
1 чаша црвено вино
3 чешниња лук
1 лажица Вегета Маестро босилек
1 лажица Вегета Маестро оригано
1 китка свеж босилек
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
1 лажичка Вегета Маестро димен црвен пипер
- Во тенџере загрејте масло и ставете згмечен лук да се пропржи.
- Додадете црвено вино и оставете да проврие.
- Додадете ги пелатите, морска сол, бибер зелен, оригано, босилек и димен црвен пипер.
- Оставете да се вари, се додека не се згусне.
- Послужете го како сос со домашните јуфки
Извор: www.slobodenpecat.mk