ВИДЕО: Дали имаше пенал за Сити – ВАР им помогна на „граѓаните“ против Вулверхемптон

1 min read

Денеска во 16 коло од англиската фудбалска Премиер лига составот на Манчестер сити потешко од очекувањата дома со 1:0 триумфираше над Вулверхемптон.

Доста тензично беше и на двете страни со голем број на жолти картони, а пред крајот на првото полувреме гостите останаа без еден играч поради двата жолти картони на Хименез.

Клучниот момент се случи во 66 минута кога беше досуден пенал за „граѓаните“, крајно контроверзен и сомнителен.

Гостите не можеа да поверуваат на судиската одлука да се покаже на белата точка, а после консултацијата на ВАР собата, и дефинитивно се шутираше пенал.

А истиот успешно го реализираше Стерлинг за продолжување на победничката серија на Сити и моментно прво место со 38 бодови, четири повеќе од второпласираниот Ливерпул кој има меч помалку.

Вулверхемптон веќе четири мечеви не знае за триумф, односно се наоѓа на осмото место со 21 бод.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ за „Дело”: Прашањето со Бугарија мора да се решава низ призмата на европските вредности

Следно

ВИДЕО | Протестите во Белград завршија со тепачка: Влегол со автомобил меѓу демонстрантите, му го искршиле

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian