Јужноафрикански научници велат дека нема знаци на развој на тешки форми на ковид-19 од новиот сој омикрон

2 mins read

Јужноафриканските научници денеска соопштија дека сè уште нема видливи знаци дека сојот омикрон на коронавирусот предизвикува потешка болест.

Јужна Африка кон крајот на минатиот месец го предупреди светот за новиот сој на коронавирусот, што го доби името омикрон, зголемувајќи го алармот дека многу мутираната варијанта може да предизвика нов раст на глобалните инфекции.

Податоците од болниците покажуваат дека бројот на лица примени со симптоми на Ковид-19 сега нагло се зголемува во повеќе од половината од деветте провинции во земјата, но бројот на смртни случаи не се зголемува толку драматично. Индикаторите, како што е просечната должина на престој во болница, се охрабрувачки.

Иако научниците велат дека е потребно повеќе време за да се дојде до конечен заклучок, министерот за здравство Џо Фахла изјави дека знаците за сериозноста на болеста се добри.

-Иако расте бројот на хоспитализирани, прелиминарните податоци сугерираат дека тоа се должи единствено на поголемиот број на заразени лица, а не на тежината на болеста од варијантата омикрон, рече министерот Фахла.

Во последните неколку дена, епидемијата низ целата земја која сега се поврзува со новиот сој омикрон заразува околу 20.000 лица дневно, поточно во четвртокот имаше 19.018 нови случаи на Ковид-19, но имаше само 20 нови смртни случиа, наведува Националниот институт за заразни болести.

Епидемијата сè уште не го достигнала пикот со повеќе од 26.000 дневни случаи, колку што беа регистрирани за време на третиот бран предизвикан од делта сојот.

Јужна Африка целосно вакцинираше само околу 38 отсто од возрасното население, повеќе отколку во многу други африкански земји, но значително помалку од целта на владата на крајот на годината.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Омикрон во САД се шири и кај целосно вакцинираните

Следно

Како да го намалите холестеролот: Овие осум добри и вкусни намирници се одлична замена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian