Укинати забраните за движење на камиони на Стража, Ѓавато и Пресека

1 min read

Регионалниот пат Дебар – Маврово е пуштен за сообраќај, а укинати се и забраните за движење на камиони што беа воведени претпладнето на повеќе места низ државата поради снежни врнежи.

Како што информира АМСМ, од 12:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, во 14:10 е укината забраната за  патниот правец Струга – Ќафасан и сообраќајот е нормализиран, во 15:25 е укината забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и во 15.35 часот е укината забраната за камиони на патниот правец Кичево – Охрид на планинскиот премин Пресека.

Завеани села на Јабланица, жителите не побарале помош од институциите

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Масовен протест против епидемиолошките мерки во Виена, има инциденти и апсења

Следно

Вујовиќ не е повеќе тренер на РК Вардар 1961

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian