УЕФА донесе одлука, Тотенхем пред елиминација од Конференциската лига

2 mins read

„Бомбастична“ вест доаѓа од европската фудбалска куќа (УЕФА) која би можела да го исфрли Тотенхем од Конференциската лига после одложениот натпревар од последното шесто коло во групната фаза од тоа натпреварување.

УЕФА донесе одлука дека не може да биде одигран одложениот меч Тотенхем – Рен и тоа би можело да направи целосен хаос во европското натпреварување и сега Контролното, Етичкото и Дисциплинско тело на УЕФА ќе одлучи кој ќе биде резултатот на таа средба.

Бурата не стивнува по одложениот натпревар меѓу англискиот и францускиот клуб кој беше закажан за четврток. Тотенхем беше во големи проблеми поради играчи заразени со коронавирус, како и членови во стручниот штаб.

Проблемот настанал кога Рен пристигнал во Лондон да го одигра натпреварот откако им било потврдено дека натпреварот ќе се игра, па УЕФА во средата навечер се предомислила и го исполнила барањето на Тотенхем за одложување на натпреварот.

Тоа ги налути сите во Рен, клубот кој го обезбеди првото место во својата група, па најавија дека не им паѓа на памет да одиграат одложен натпревар во и онака згуснатиот календар.

Тотенхем во тој момент се бореше со Витесе за второто место во групата и пласман во следната фаза. Холандскиот Витесе во последниот меч ја совлада словенечката Мура, но Англичаните беа во предност, знаејќи дека победа од 1:0 против Рен во одложениот меч ќе им биде доволна да одат понатаму.

Но, УЕФА потврди дека натпреварот Тотенхем – Рен не може да се одложи за друг термин и сега целиот случај е префрлен на дисциплинското тело да одлучува за исходот од овој меч.

Рен пристигна во Лондон, беше подготвен да го одигра натпреварот, па тешко е да се замисли сценарио во кое на Тотенхем би му биле доделени трите бода неопходни за второто место во групата. А тоа би значело шокантен крај на Тотенхем во Конференциската лига. Но, да ја почекаме официјалната одлука…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски не го исклучува оддржувањето на референдум околу Донбас и Крим

Следно

ВИДЕО: Снежната покривка во Хрватска затвори неколку автопати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian