Столтенберг не попушта, одбиено ветото на Русија

2 mins read

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се спротивстави на секакво вмешување на Русија во врските меѓу Алијансата и Украина, не сакајќи да го одбие евентуалното членство на Киев во нејзините редови, што јасно го побара Москва.

-Само триесетте членки на Алијансата и самата Украина и никој друг можат да одлучуваат за односите меѓу НАТО и Украина и никој друг. Не можеме да дозволиме Москва да се обиде повторно да воспостави систем во кој суперсилите, како Русија, да имаат свои сфери на влијание во кои ќе можат да контролираат што земјите прават или не прават. Ние нема да преговараме за правото на секоја земја во Европа да одлучува за сопствената судбина, рече Столтенберг по средбата со новиот германски канцелар Олаф Шолц.

Русија побара од НАТО да го повлече ветувањето дадено во 2008 година до Украина и Грузија дека еден ден ќе бидат членки на Алијансата и побара НАТО да се обврзе дека нема да распоредува оружје во земјите кои граничат со Русија, објаснувајќи дека тоа ја загрозува нејзината безбедност.

Руското Министерство за надворешни работи ги објави овие барања, најдиректно досега во безбедносните гаранции, што претседателот Владимир Путин сака да ги добие од САД и нивните сојузници.

Но, ова барање, што де факто е руско вето за членството на Украина во НАТО и е најексплозивното прашање во односите Исток-Запад, е нешто што Вашингтон и Киев веќе категорично го отфрлија, пренесува Ал Џезира.

НАТО е на пат да ја прифати Украина, што ќе доведе до распоредување на ракетни системи кои можат да бидат насочени кон Русија, соопшти Москва.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лудница во Премиер лигата, Вотфорд водеше во 84 минута и на крајот загуби

Следно

ВИДЕО | Гордана Гоџо се расправа пред училиште: Моето дете нема да носи маска, вршите геноцид!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian