Прва лига: Кожув лесно со КК Ангели, Еуро Никел 2005 подобар од Работнички

2 mins read

Гевгелискиот кошаркарски клуб на Кожув ја оправда фаворитската улога во шампионатот против КК Ангели со 105:67.

Со победата на последнопласираниот тим во лигата, Ангели, кошаркарите на Кожув стигна и до половичен ефект во Првата лига, односно дојдоа до петтата победа во последните шесте одиграни првенствени натпревари.

Гевгеличани остварија предност (41:33) на истекот на првото полувреме. Период од играта во кој комплетната прва петорка стигна да го погоди кошот на противникот. А свој придонес, поентерски, дадоа и Нацевски и Синадиновиќ, кои не го почнаа натпреварот.

Симоновски и Вилијамс беа првите со двоен број на поени кај Кожув, екипа која со воведните 10:2 во третиот период за само три минути ја покачи позитивата на двоцифрена (51:35). Во 26. минута веќе беше и (62:41), а до истекот на тој трет, и решавачки дел, Кожув имаше и недостижни (78:51).

Кај стрелците во триумфот 22 поени забележа Марко Симоновски (седум скокови), а во поразените 20 поени беа дело на капитенот Андреја Атанасов.

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 направија голем играчки и резултатски пресврт во третиот период од играта во дерби дуелот со Работнички.

Од двоцифрен минус, влегоа во двоцифрен плус, за петти триумф во сезоната (95:77) со кој направија лекор понапред на првенствената табела.

Најефикасен за Еуро Никел 2005 беше Бранислав Ѓекиќ со 24 поени (седум скокови), а во тимот од Градски Парк Виктор Златевски запиша 25 поени (пет асистенции).

Моментно на табелата води Пелистер со 20 бодови, пред МЗТ Скопје Аеродром (18), трет е Работнички со 16, п по 15 имаат Гостивар, Еуро Никел, ФМП Академија, Кожув и Феникс 2010, следува ТФТ со 14, Куманово 11, а по 10 МЗТ Скопје Уни Банка и КК Ангели.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Успешен лет во вселената на ракетата на Џеф Безос со шест патници

Следно

Посреќна од кога било: Оливија Вајлд раскажа за интервју за „Vogue“, но без да го спомнува името на Хари Стајлс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian