Поради одрони отежнат сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани

1 min read

Поради зголемен број одрони, отежнат е сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Поради ова од подружницата на ,,Македонија пат” препорачаа сите кои имаат потреба од сообраќање на споменатиот патен правец да го одложат своето патување.

-Поради зголемен број на одрони на магистралата А3 препораката е да се одбегне патувањето доколку е можно. Иако наши екипи се на терен, состојбата е алармантна, поради што одложувањето на патувањето во моментот е повеќе од неопходно, велат од „Македонија пат”.
Во моментот, како што посочуваат, најкритична е ситуацијата после излезот на Делчево и кај месноста Баткова Чешма.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неделен хороскоп 13.–19. декември: Успех за Рибите, одлични вести за Биковите, љубов за Девиците!

Следно

„Комити“: Остана еден од нас, ти благодариме за сè, засекогаш – ВУЈО МАЈСТОРЕ!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian