Нови докази против Трамп поради нападот на Капитол Хил

2 mins read

Марк Медоус, поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп, ги предаде доказите за планот на поранешниот американски претседател да се врати на власт на комисијата задолжена за истрагата за нападот на Капитол Хил.

Надлежната истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп и организаторите на нападот на Капитол Хил на 6-ти јануари, пренесува лондонски Гардијан.

Фактот дека Медоус имал „PowerPoint“ документ ден пред нападот на Капитол Хил, во кој детално е опишан пучот, укажува дека тој бил свесен за напорите на Трамп и неговите сојузници да го запрат прогласувањето на новиот претседател на САД.

Презентацијата има 38 страници и е насловена „Изборна измама, мешање и опции за 6 јануари“.

Напорите на Трамп да остане на власт

Во презентацијата се понудени неколку препораки за Трамп да ја задржи претседателската функција и да го започне својот втор мандат, потпирајќи се на лаги и бројни теории на заговор.

Сенаторите и членовите на Конгресот прво треба да бидат информирани за наводното мешање на странски сили во изборите, по што Трамп можел да воведе вонредна состојба на национално ниво, да ги прогласи електронските гласови за неважечки и да побара од Конгресот соодветна одлука.

Една од опциите за преземање на власта беше тогашниот потпретседател Мајк Пенс да ја злоупотреби својата церемонијална улога на заедничката седница на Конгресот на 6 јануари, за да го спречи Бајден да биде прогласен за нов претседател и со тоа да го врати Трамп во Белата куќа.

Препораките во презентацијата се засноваат на измислени и неосновани наводи за изборна измама, вклучително и дека „Кинезите систематски ја презедоа контролата врз американскиот изборен систем“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјани возеле пијани, полицијата казни 52 возачи

Следно

МНР: Врачување на првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian