МНР: Врачување на првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон

1 min read

Во процес на врачување се првите сто биометриски пасоши на Република Северна Македонија, издадени преку Амбасадата во Лондон. Воспоставувањето на базна станица во амбасадата го поедностави и скрати процесот на три недели, информира Министерството за надворешни работи.

-Овој е историски момент за конзуларната пракса во оваа амбасада. Нашите граѓани кои живеат и работат во Англија, Шкотска, Велс или Северна Ирска од сега можат да ги обноват своите пасоши на многу поедноставен, поефикасен и побрз начин. Ме радува што првичните впечатоци и реакции од сите кои ја посетија амбасадата изминативе четири недели се позитивни. Тој е најсилниот мотив и предизвик за тимот на амбасадата да продолжи и натаму да биде ефикасна служба во корист на граѓаните, изјави македонската амбасадорка во Лондон, Александра Миовска.

Од МНР информираат дека целта на проектот за воспоставување базни и мобилни станици во македонските дипломатски и конзуларни претставништва е исполнување на потребите на дијаспората, која со години наназад се жали за споро издавање на патни исправи.

–Подобрувањето на услугите на нашите ДКП-а за дијаспората е висок приоритет на МНР, чија интенција е следниот период овој значителен проект да се прошири со поголем број ДКП-а, се вели во соопштението.

Претходно, постапката на стекнување со нова патна исправа за македонската дијаспора во Обединетото Кралство траеше четири до шест месеци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови докази против Трамп поради нападот на Капитол Хил

Следно

ВИДЕО: Радев му го врачи мандатот на Петков за состав на новата бугарска Влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian