Како да го намалите холестеролот: Овие осум добри и вкусни намирници се одлична замена

3 mins read

Сакате да се ослободите од холестеролот, а вашата храна да не го загуби вкусот? Повеќето луѓе мислат дека ако внимаваат на холестеролот, ќе имаат невкусни оброци. Но, тоа не е така. Еве неколку добри замени за храната која веќе ја јадете, а која ќе ви ја олесни диетата.

1. Ореви наместо кубети, тостирани парчиња леб за во салата

Јаглехидратите можат да предизвикаат високо ниво на холестерол. За поздрава салата, заменете ја нафората со ореви, кои се богати со полузаситени масти. Тие ќе го намалат нивото на холестерол.

2. Пијте црвено вино, а не коктели

Умереното консумирање алкохол може да предизвика благ раст на таканаречениот „добар“ холестерол.

Но, нема да ви помогнат маргаритите или мешаните овошни сокови кои содржат јаглехидрати. Преминете на црвено вино – тоа содржи десетти дел од јаглехидратите кои ги содржи маргаритата, како и антиоксиданти кои го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол и го зголемуваат нивото на „добриот“.

За жените се препорачува максимално една чаша дневно.

3. Едамер кашкавал и ореви, никако крекери и обичен кашкавал

За ужина немојте да јадете крекери и полномасни сирења, кои имаат високо ниво на заситени масти, а тие се едни од виновниците за зголемениот холестерол. Наместо тоа јадете јаткасти плодови и едамер, кои имаат ниско ниво на заситени масти.

4. Сок од лимон

Зачинувањето на салатите со нешто што има во себе високо ниво на масти, е исто како да трчате и пушите во исто време – нема дејство.
Постои нискомаслена алтернатива – зачинете ја својата салата со оцет сок од лимон.

5. Маргарин наместо путер

Една лажица путер содржи повеќе од 7 грами заситени масти – тоа е повеќе од третина од препорачениот дневен внос. Исто така, содржи и високо ниво на холестерол. Заменете го путерот со намаз од растително масло, и на тој начин ќе внесувате добри масти наместо лоши. А, наместо путер за готвење, користете маслиново масло.

6. Мелено мисирково наместо мелено говедско

Месото содржи заситени масти – што придонесува за зголемено ниво на холестерол во крвта. Месото од мисирка содржи половина од мастите кои ги содржи говедското, и може да биде добра замена за него во повеќето јадења.

7. Пилешкото е добро, но рибата е подобра

Иако пилешкото и мисирката имаат помалку заситени масти отколку свинското, јагнешкото и говедското месо, и тие содржат холестерол. Еден од најдобрите начини да го намалите холестеролот во текот на диетата е да јадете повеќе риба, која има мошне малку масти и содржи омега-3 масни киселини, кои се добри за срцето.

8. Грицкајте пуканки, а не тортиља чипс

Тортиља чипсот најчесто се смета за здрава замена за чипсот од компири. Тој и е поздрав, но уште поздрави се пуканките, кои имаат 80 отсто од помалку заситените масти од тортиља чипсот, и двојно повеќе влакна.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јужноафрикански научници велат дека нема знаци на развој на тешки форми на ковид-19 од новиот сој омикрон

Следно

Скопјани возеле пијани, полицијата казни 52 возачи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian