Брегалница со пресврт триумфираше над Тиквеш во Првата лига

1 min read

Денеска во рамките од 18 коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) составот на Брегалница славеше како гостин над Тиквеш со 1:3.

Домаќините водеа после првото полувреме од 16 минута со погодокот на Каракамишев, а пред паузата гостите не реализираа пенал преку Стојанов.

Играчите на тренерот Секуловски направија целосен пресврт во вториот дел, најпрвин израмни Манев во 56 минута.

Српскиот интернационалец Ѓокиќ во 70 минута донесе водство за штипјани, а неговата замена на мечот во 90 минута Алтипармаковски го постави конечниот епилог на Градскиот стадион во Кавадарци.

За Брегалница ова е осма победа сезонава за моментно четврто место на табелата со 29 бодови, додека Тиквеш е на 10 позиција со 15 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Возач фатен со 4,14 промили алкохол во крвта

Следно

ВИДЕО: Започнаа протестите во Србија, засега мирно на улиците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian