Бериша го предупреди Вучиќ: Не помислувај да дојдеш во Тирана!

1 min read

Поранешниот албански претседател и експремиер, демократот Сали Бериша го предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со иницијативата „Отворен Балкан”, која ја нарече „замена за Берлинскиот процес со онаа на Путин”.

Бериша му порача да не помислува да дојде во Тирана, бидејќи „сите улици и плоштади ќе бидат преполни од албански граѓани против него”.

– „Отворен Балкан” е српски хегемонистички Балкан. Тоа е Балкан на руска инфлиенца, на антинационални и антиевропски интерес, тоа е проект кој бара од Албанците да го заменат Берлинскиот процес со процесот на Путин. Го предупредуваме Милошевиќ или новиот Слободан, за „Отворен Балкан” да не помислиш да дојдеш во Тирана, бидејќи улиците и плоштадите ќе бидат преполни од народ против тебе, порача Бериша од Собранието на Демократската партија свикано од него.

Демократската партија, рече тој ќе се издигне во партија на национален интерес, која ќе стави крај на хегемонијата.

– Криминалната група, која денес раководи со Белград е главен инспиратор на геноцидот во Косово, кој го негира геноцидот врз Албанците, истакна Бериша, нарекувајќи го албанскиот премиер Еди Рама „алатка на Вучиќ”.

Според него, од времето на Енвер Хоџа, Тирана не била епицентар на студена војна против Приштина како сега.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Само бод за Јувентус на дуелот со Венеција

Следно

ФОТО | Уметницата Ивет ни носи празнична магија: Сосема посебни лампиони и куклички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian