2МФЛ: Вардар убедливо ја оправда фаворитската улога против Кадино

1 min read

Фудбалерите на Вардар продолжуваат успешно и победнички во Втората македонска лига – Запад, откако ја забележаа и деветтата победа (трета по ред) против Кадино со 3:0.

„Црвено-црните“ ја оправдаа фаворитската улога на оваа средба со погодоците на Наумоски, Љамчевски и Глишиќ.

Сигурна беше и екипата на Воска Спорт против Беса 1976 со резултат 2:0, додека мечот на Силекс против Велешта е одложен поради лошите временски услови.

Табела, 2МФЛ – Запад: Силекс 38 бодови, Воска Спорт 32, Вардар 29, ФК Кораб 19, Тетекс 18, Гостивар 17, Охрид 14, Велешта 14, Беса 13, Кадино 6.

Прилепска Победа беше убедлива над Лок. Градско со 4:0, Спиркоски двапати се запиша во листата на стрелците, а по еднаш Момировски и Јошески.

Составот на Слога Виница кој е во трка за една од позициите кои водат во Првата лига следната година, загуби со 3:0 од Беласица. За струмичани два гола запиша Милушев, а еден Крстев. Се одигра уште една средба, Кит Го Пехчево – Саса 0:1, гостите триумфираа со голот на Марковски (43`).

Табела, 2МФЛ – Исток: Победа 32 бодови, Слога Виница 32, Саса 31, Беласица 28, Кит Го Пехчево 19, Осогово 18, Кожув 17, Детонит Јуниор 15, Братство 7, Лок. Градско 6.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нема фискални, нема сертификати и масовно се пуши, покажаа инспекции во угостителски објекти во Скопје

Следно

Рецензија: Кога невозможното станува возможно во „14 Peaks: Nothing is impossible“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian