ЗНМ: Итно да се расветли инцидентот на „јавната“ расправа на Медицинскиот факултет

1 min read

Денешниот инцидент, во којшто новинарските екипи на „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“ беа оневозможени да следат настан е уште еден доказ дека конечно е време некој да преземе одговорност за попречување на работата на новинарите, велат од Здружението на новинари.

Настанот се случи во просториите на Медицинскиот факултет во Скопје, за време на јавна расправа за законот за легализација на канабис. Како што известија новинарските екипи на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“, организаторот одби да ја почне расправата сѐ додека медиумските екипи и претставниците на невладините организации не ја напуштат просторијата.

ЗНМ повикува на расветлување на деталите во врска со овој инцидент од страна на надлежните институции и бара почитување на правото на информирање на граѓаните, посебно кога станува збор за јавни расправи како горенаведената.

Според Кодексот на новинари, новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација, има право за тоа да ја информира јавноста, велат од ЗНМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Популарноста на Борис Џонсон на најниско ниво

Следно

Нова победа на Норвежанецот: Карлсен лесно ја одбрани круната

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian