Зидан само под еден услов ќе седне на клупата на ПСЖ

1 min read

Зинедин Зидан веќе започна преговори со челниците на ПСЖ за преземање на клупата на францускиот тим и засега според медиумите, преговорите одат во позитивна насока.

Зидан ви требало да седне на клупата на „светците“ по завршување на оваа сезона, а не е исклучено тоа е да се случи и порано, односно доколку ПСЖ доживее рана елиминација во Лигата на шампионите.

Но, за да ја прифати понудата на ПСЖ, Зидан кој со Реал Мадрид освои три титули во ЛШ има еден услов, а тој е да го има главниот збор околу трансферите.

Моментно, спортскиот директор Леонардо одлучува за трансферите во францускиот тим, но доколку сопствениците одлучат да го донесат Зидан како наследник на Маурисио Покетино, тоа најверојатно ќе значи заминување на Бразилецот.

Наводно, Зидан побарал од управата на ПСЖ идното лето да го донесат Пол Погба од Манчестер јунајтед и да се обидат да го убедат Карим Бензема да се врати во Франција иако неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид. Бензема треба да претставува замена за Килијан Мбапе кој е одлучен да го напушти „Паркот на принцевите“ и кариерата да ја продолжи токму во Реал Мадрид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Поповиќ: Политичарите земаат мито заради брзо богатење, сметаат граѓаните

Следно

Што прави денеска: Мијата, пејачка и контролор на летање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian