ВИДЕО | Поповиќ: Политичарите земаат мито заради брзо богатење, сметаат граѓаните

1 min read

Еден од најгорливите проблеми според анкетите, во моментов е корупцијата а не сиромаштијата. Ова го покажуваат последните истражувања и анкети кои за Утрински брифинг ги коментира политикологот Миша Поповиќ од  Институт за демократија Социетас цивилис.

-Перцепциите за корупција се добиваат од лично искуство, од споделување на тоа лично искуство со блиски луѓе и од медиумите. Кога граѓаните даваат мито тоа е или затоа што немаат избор или затоа што сметаат дека тоа е единствениот начин за остварување на личен интерес, вели Поповиќ.

Тој вели дека според истражувањата испитаниците кажуваат што според нив е причината за корупцијата. Годинава изби на прво место желбата за богатење на политичарите. Постојат три сојузници со борба против корупцијата: институциите, граѓаните и граѓанските организации. Ако институциите не функционираат, граѓаните губат доверба.

Истражувањето покажа дека над 100 илјади граѓани дале или им било побарано мито, наспроти фактот што за истиот период само седум лица се осудени за примање мито. Оттука граѓаните имаат перцепција дека пријавувањето не се исплатува.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Студија: Сојот омикрон е четири пати позаразен од делтата

Следно

Зидан само под еден услов ќе седне на клупата на ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian