ВИДЕО: Холивудскиот актер среде Софија изненади уличен свирач

2 mins read

Популарниот холивудски актер Енди Гарсија деновиве престојува во Бугарија. При една прошетка низ главниот град ги заслуша звуците од саксофонот на уличниот свирач и седна до него.

Мелодијата е многу препознатилива. Станува збор за „Parla piu piano“, од култниот „Кум“ од 1972 во кој не играше Гарсија, но тој беше дел од екипата од третото продолжение на трилогијата за сицилијанското мафијашко семејство Корлеоне и го играше Винсент Манчини-Корлеоне кој го наследува Мајкл Корлеоне и станува новиот Дон Корлеоне.

Енди Гарсија седна до софискиот уличен свирач и остана до крај за да ја дослуша нумерата, воодушевен од интересната етно интерпретација.

-Додека шетав во центарот на Софија слушнав позната мелодија, па ја свртев камерата. Погледнете до крај за неговото изненадување“, напиша големиот актер.

На крајот од видеото, неговиот асистент, кој е Бугарин, го прашува музичарот дали го познава овој човек. Човекот нема поим, а кога ќе сфати дека до него стои холивудска ѕвезда, удира по челото, станува на нозе и продолжува да свири композиција од „Кум“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andy Garcia (@andygarcia)

Бугарските медиуми откако актерот го објави видеото на својот Инстаграм профил, го побараа свирачот и го прашаа, колку му пари му дал.

-Ми даде 100 лева, и ми стави 10 евра во кутијата, рече свирачот кој со својот саксофон ги забавува минувачите во паркот пред Народниот театар, во центарот на Софија.

Инаку, Енди Гарсија во Софија е за снимањето на „Invincible 4“, каде глуми агент на ЦИА.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Елмас е играч на колото во Лигата на Европа

Следно

Се степале двајца скопјани, нарушен јавниот ред и мир

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian