ВИДЕО: Албански бизнисмен убиен во неговиот автомобил

1 min read

Албанскиот бизнисмен Ракип Роли утрово бил убиен додека возел автомобил во албанскиот град Лач, јавува Албанија пост.

Според неофицијални информации, 55-годишникот возел автомобил кога кон него било пукано од автоматско оружје.

Наводно, Рали изгубил контрола над автомобилот, се судрил со друго возило и починал на лице место. Полициските служби го опколија местото на злосторството, а, како што се наведува, се работи на целосно разоткривање на настаните, за да се фатат сторителите.

Жртвата била позната како бизнисмен кој тргувал со градежен материјал. Неговите синови Емилијано и Исуф Роли беа обвинети за трговија со дрога во 2017 година.

Ракип Роли и во 2011 година беше осуден за нанесување тешки телесни повреди на 22-годишник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Според Перез, ниту Роналдо ниту Зидан не се најдобри засилувања за Реал во последните 20 години

Следно

ФОТО | Божиќното пиво од грашок и кисела црвена зелка стана хит! Продадено во рекордно време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian