Според Перез, ниту Роналдо ниту Зидан не се најдобри засилувања за Реал во последните 20 години

2 mins read

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез на основ на вложените пари и добиеното од страна на играчите, смета дека Тони Крос е најдоброто засилување за „кралскиот клуб“ во 21 век.

Интересно е што Перез смета дека ниту Кристијано Роналдо кој на „Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2009 година, ниту пак Зинедин Зидан кој е купен во 2001 година, не се најдобрите засилувања, туку тоа е Тони Крос.

Германецот во Реал Мадрид пристигна во 2014 година од Баерн Минхен откако претходно пропаднаа преговорите со Манчестер јунајтед. Перез за Тони Крос плати 24 милиони евра.

– Перез е неверојатно пријатна личност со прекрасна животна приказна. Тој е голем бизнисмен, но остана човек. Ми објасни поради што смета дека Тони Крос е најдоброто засилување за Реал Мадрид во 21 век. Со оглед на тоа колку Реал вложи за него, а колку доби за возврат, никој не е пред Тони Крос – изјави агентот на фудбалерот, Волкер Штрут.

Тони Крос од самото доаѓање во Реал Мадрид стана еден од најважните фудбалери во Реал Мадрид и заедно со Лука Модриќ и Каземиро формираа „страшно трио“ на средината на теренот и има огромен удел во освојувањето на трите титули на „кралевите“ во Лигата на шампионите. Покрај тоа, Крос со Реал Мадрид има две титули во Ла Лига, два кралски купа, две титули во европскиот Суперкуп како и четири триумфи на светското клупско првенство.

Германецот во изминатите осум сезони во дресот на Реал Мадрид одигра 334 натревари и постигна 25 гола, а планира кариерата да ја заврши токму на „Сантијаго Бернабеу“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пресадувањето органи не смее да прерасне во лукративен бизнис

Следно

ВИДЕО: Албански бизнисмен убиен во неговиот автомобил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian