Собранието на РС ги усвои заклучоците за враќање на надлежностите

1 min read

Народното собрание на Република Српска денеска ги усвои Заклучоците во врска со трансферот на надлежностите, со што законите и другите прописи со кои се пренесуваат надлежностите од Република Српска на институциите на Босна и Херцеговина нема да се применуваат на територијата на ентитетот од денот на стапувањето во сила на законите и другите прописи од точка 2 од овие заклучоци.

Инаку, на денешната седница беа разгледани четири информации, по што беа усвоени заклучоци кои се однесуваат на правосудните институции, одбраната и безбедноста и индиректните даноци.

Опозицијата не присуствуваше на гласањето. Гласаа 52 пратеника, од кои 49 од владејачката коалиција ги поддржаа заклучоците.

Собранието претходно ја усвои информацијата за трансфер на надлежностите од Република Српска на ниво на БиХ.

Собранието ѝ наложува на Владата на Република Српска во рок од шест месеци да испрати на разгледување и усвојување до Народното собрание закони и други прописи кои ќе овозможат непречено функционирање на Република Српска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жители на Грчец и Крушопек се гневни на ЕВН, полициски специјалци го чуваа пунктот во Ѓорче

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Марија Шерифовиќ ја подарува својата новогодишна елка: Секој фан на пејачката може да учествува, но има само еден услов!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian