Само Судот може да даде дозвола за посета на осудените за „Диво насеље“, вели Маричиќ

1 min read

Косовскиот заменик-министер за правда има право да се сретне со осуденици коишто се на одлежување затворска казна, но треба да се испочитуваат процедурите за тоа, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Заменик-министерот за правда Блерим Салаху пред два дена изјави дека по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај, а тоа го демантираше македонскиот заменик-министер за правда, Агим Нухиу.

Како што вели Маричиќ, дозвола за таква посета може да даде единствено надлежниот суд.

„Доколку побара и доколку добие одобрение од Судот таа средба ќе се оствари. Не се работи за политичка проценка на министерството за правда или на мене како министер, дали некоја средба ќе се случи, туку е проценка на Судот“, вели Маричиќ.

Како што додава тој, странски дипломати или политички претставници и досега имале средби со нивни државјани, осуденици во нашите затвори.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Каква оценка ќе им дадете? Овие познати дами доминараа со есенскиот стајлинг

Следно

Лудница во Премиер лигата, Вотфорд водеше во 84 минута и на крајот загуби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian