САД во офанзива против корупцијата и перењето пари – на тапет групи и поединци од Европа и светот

3 mins read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Меѓународниот ден на борба против корупцијата најави дека САД воведуваат санкции и визни ограничувања за 11 актуелни и поранешни корупирани функционери.

-Заедно можеме да се избориме против корупцијата и да промовираме одговорност и добро управување“, напиша тој на Твитер без да наведе за кои официјални лица се работи.

САД вчера воведоа санкции против повеќе поединци и групи ширум Европа и западната хемисфера поради корупција и илегални активности.

Целта на таа акција, како што соопшти министерството за финансии е борба против корупцијата поврзана со транснационален криминал во рамки на кои се означени 16 поединци и 24 групи.

На црната листа се најдоа и браќата Звонко и Жарко Веселиновиќ од Косово. Звонко Веселиновиќ, американските власти го сметаат за водач на организирана криминална група и како еден од најозлогласените корумпирани фигури на Косово. Неговата криминална група е вклучена во голема шема за поткуп на косовските и српските безбедносни службеници кои го помагаат илегалниот шверц на стоки, пари, наркотици и оружје меѓу Косово и Србија на нивната криминална банда.

Освен во странство, САД најавија борба со корупцијата и перењето на нивната територија па министерка за финансии, Џенет Јелен, изјави дека нејзиното министерство работи на изработката на стратегија за борба против перењето пари и нелегалното финансирање од странство, а истовремено ги зајакнува и активностите дома против затајувачите на данок, што само минатата година државниот буџет го чинело 600 милијарди приходи.

Џенет соопшти дека Министерството за финансии на САД мора да одигра клучна улога во борбата против корупцијата дома и во странство.

-На крајот на краиштата, САД не можат да бидат кредибилен глас за слободни и фер влади во странство, доколку истовремено им дозволиме на богатите неказнето да ги прекршуваат нашите закони, рече таа.

Белата куќа на почетокот на неделава соопшти дека работи со Конгресот за да обезбеди 424 милиони за нова иницијатива насочена кон зајакнување на демократијата ширум светот, вклучувајќи ја и поддршката на независните медиуми.

Бајден собра над 100 светски лидери на самитот и вети дека ќе ја зајакне демократијата ширум светот, повикувајќи на заштита на правата и слободите поради растот на авторитаризмот, што е „клучен предизвик на нашата ера“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По 5.000 денари за секое семејство со новороденче во општина Гази Баба

Следно

Шахпаска: Вклучувањето на општините во интеграцијата на Ромите на локално ниво е клучно во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian