Радев се слушнал со Мицотакис, му кажал дека не сака други да се мешаат во спорот со С. Македонија

1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска телефонски му порачал на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека проблемот меѓу Македонија и Бугарија може да биде решен само билатерално, а не преку притисок врз бугарската страна.

– Во однос на процесот на проширување на ЕУ, Радев рече дека европската интеграција на Северна Македонија е во интерес и на Бугарија и на регионот, но бара политичка волја за да се решат отворените прашања со отворен билатерален дијалог меѓу Софија и Скопје, а не преку постојани напори со надворешен притисок врз нашата земја. Само на тој начин нема да се внесат нерешени проблеми во ЕУ, ќе се заштитат европските вредности и ќе се отвори патот на нашиот југозападен сосед кон неговата целосна европска интеграција – му рекол Радев на Мицотакис, според соопштението од Кабинетот на бугарскиот претседател, објави Бугарското национално радио.

Меѓу другото тие зборувале за претстојниот ЕУ-самит деновиве во Брисел на кој е неизвесно дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за старт на преговорите со Унијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германија ќе прими 25 000 Авганистанци

Следно

СП во ракомет: Шпанија, Данска, Германија и Бразил обезбедија пласман во четвртфиналето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian