Рајола: Моите фудбалери се „удрени во главата“

1 min read

Еден од најмоќните фудбалски агенти, Мино Рајола во интервју за германскиот Спорт1 зборуваше за тоа како ги избира фудбалерите. Рајола се грижи за кариерите на ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума, Марко Верати

Јас работам само со врвни фудбалери и луѓе. На сите една работа им е заедничка: Сите тие се удрени во главата. За нас нормалните луѓе, тие делуваат лудо, но тие за себе мислат дека се нормални. Тоа се фантастични момци кои си поставуваат највисоки цели. Недвед го имаше тој квалитет, Златан го има, Верати, Погба… Сите тие се екстремно посветени на успехот. По еден натпревар ме побара Халанд и ми вели: Мино, виде ли каков гол дадов? За него се важни само головите. Мислам дека размислува за головите дури и кога е во кревет со девојката – вели Рајола.

Токму Халанд во моментов е најбараниот негов клиент. За неверојатниот Норвежанец огромен интерес пројавуваат најголемите фудбалски гиганти и за очекување е идното лето тој да си замине од Борусија Дортмунд. Сега Рајола открива како дојде до соработка меѓу него и Халанд.

– Ерлинг беше голем фан на Златан Ибрахимовиќ. Имаме заеднички пријател кои се поврза. Седнавме на маса, испивме по еден пијалот и по петминутен разговор се ракувавме. Претходно го гледав на видео снимки и веднаш знаев: Овој ми треба, луд е – изјави Рајола.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИНТЕРВЈУ Jован Деспотовски: Успехот во мојата работа ќе биде мерлив

Следно

Додик: Излегуваме, БиХ не може да опстане

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian