Полицајката што го штитела Беливук пуштена од притвор

1 min read

Поранешната државна секретарка во српското Министерство за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ денеска е пуштена да се брани од слобода, објави „Нова“. Имено, Хркаловиќ е во притвор од 15 октомври годинава.

Веста за нејзиното ослободување од притвор ја потврдија нејзините адвокати, Ахмед Делимеѓац и Ненад Тасиќ.

Инаку, Обвинителството за организиран криминал денеска поднесе обвинителен акт против Дијана Хркаловиќ поради сомнение дека сторила кривично дело „трговија со влијание“.

Таа се товари за „трговија со влијание“ во случајот со убиството на каратистот Властимир Милошевиќ, но и за незаконското прислушување на Дарко Елез.

Во обвинението што денеска го поднесе Обвинителството за организиран криминал се опфатени и нејзините поранешни соработници – поранешниот шеф на Службата за специјални истражни методи Дејан Миленковиќ, како и поранешниот шеф на новосадската полиција Милорад Шушњиќ. Миленковиќ и Шушњиќ се обвинети за злоупотреба на службената положба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СП во ракомет: Шпанија, Данска, Германија и Бразил обезбедија пласман во четвртфиналето

Следно

ФОТО | Резултатите се повеќе од видливи: Ивона Јо ослабе 41 килограм, направи моќна тетоважа и освојува со својот изглед и моден избор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian