Нова порака за Ѓоковиќ: Никој не бара „дупки во законот“ за да го донесе Новак во Австралија

2 mins read

Поранешниот грен слем шампион во игра на двојки, Тод Вудбриџ му порача на Новак Ѓоковиќ дека нема да може да настапи на Австралија Опен доколку не се вакцинира.

Вудбриџ се огласи во јавноста откако австралиски таблоид објави дека српскиот тенисер ќе бара „медицински исклучок“ за да може без вакцина да настапи на првиот грен слем идната година, Австралија Опен. Услов за да се настапи на грен слем турнирот кој се игра во Мелбурн е сите тенисери и тенисерки да бидат вакцинирани.

– Некои луѓе зборуваа дека Тениската федерација на Австралија бара „дупки во законите“ за да го донесе Новак во Мелбурн. Тоа е апсолутна глупост и такво нешто не може да случи. Владата е таа која ги носи правилата и таа ќе одлучи дали Ѓоковиќ ќе може да влезе во Викторија или не. Многу работи ќе се решат во наредните недела две. Кога сте спортисти и патувате низ целиот свет, мора да живеете според прописите кои ги донеле владите во земјите во кои престојувате – изјави Вудбриџ.

Во одбрана на Новак Ѓоковиќ по нападите на австралиските медиуми застана Пол Мекнеми, поранешниот директор на Австралија Опен.
„Само како потсетник – пишувањата дека Ѓоковиќ бара „медицински исклучок“ се медиумска измислица. Нема основи, нема никаква содржина, само жртвување на некого кој си ја гледа својата работа и тоа многу добро го прави“, напиша Мекнеми.

Новак Ѓоковиќ се уште е таинствен кога станува збор за вакцинацијата против коронавирусот, тој досега неколку пати кажа дека тоа е приватно прашање и дека нема намера да открива дали е вакциниран или не.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИНТЕРВЈУ Димитар Ковачевски: Секој глас ќе биде слушнат и испочитуван

Следно

„Се повлекувам од политиката“: Се појави порно снимка на политичар од Бања Лука

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian