Научна конференција за тероризмот и предизвиците во откривањето на заканите

2 mins read

Тероризмот како незаконско користење на сила и насилство од страна на поединци или групи кои имаат директна врска со странските сили или пак, чии активности ги преминуваат националните граници, насочени против лица или објекти со цел да ги заплаши или да го принуди населениетo или било кој сегмент од општеството, е темата за која се дискутираше на научно-стручната конференција „Современи предизвици во откривање терористички закани од импровизирани експлозивни направи”.

„Со учеството во овој двегодишен проект имаме постигнато видливо одлични резултати, како во унапредувањето на свеста на населението за неексплодирани убоити средства (НУС) така и во развивањето на дигиталните технологии за справување со ваквите средства. Како членови на големото семејство на НАТО Алијансата развивањето на ваков вид алатки ќе значат идентификација и проценка на НУС се од витално значење за стратешки интереси и тактичките операции на НАТО членките и нејзините партнери“ – рече во своето обраќање директорот на ДЗС Беким Максути.

Тој истакна дека тероризмот е закана која многу одамна е на врвот на националните закани по безбедноста во скоро сите земји во светот и мора земјите да се справат со современите предизвици кои произлегуваат од него.

-Тероризмот многу вешто се менувал со текот на времето и како „феномен“ е тешко да се дофати поради начинот на кој што терористичките организации рапидно и брзо го менуваат својот облик и средствата со кои дејствуваат. Со ваков вид на проекти како што е VECTOR е од есенцијално значење за нашата институција, но и за државата и нејзината безбедност – додаде во своето обраќање пред присутните на научно-стручната конференција, Максути.

На настанот учествуваше и заменик директорот Зулфиќар Зејнулаи, како и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.

Оваа научно-стручна конференција која се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје, е една од низа конференции во склоп на проектот ВЕКТОР, поддржан од Програмата за мир и безбедност на НАТО, во која учествуваат најстручните лица за оваа проблематика во државата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ

Следно

Бабунски продолжува да ги тресе мрежите во бугарскиот шампионат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian