Маск: Следната година ќе вградуваме чипови во човековиот мозок

2 mins read

Милијардерот, инвеститор, инженер, пронаоѓач и футурист Илон Маск изјави дека неговата компанија „Neuralink“ која се занимава со технологија за поврзување на компјутери и мозоци, се надева дека следната година ќе започне со инсталирање на своите микрочипови на луѓето. „Neuralink“, кооснована од Маск, развива чип кој ќе биде вграден во човечкиот мозок за истовремено да снима и стимулира мозочна активност.

Тој чип би требало да има медицинска примена, како што е третман на сериозни повреди на ‘рбетниот мозок и невролошки нарушувања.

За време на интервју за Волстрит Журнал, Маск беше запрашан што планира да направи Neuralink во 2022 година.

– „Neuralink“ добро работи на мајмуни, а ние спроведуваме многу тестирања и потврдуваме дека е многу безбеден и сигурен и дека уредот Neuralink може безбедно да се отстрани – рекол Маск, а пренесува Бизнис Инсајдер.

„Се надеваме дека ќе можеме да го користиме со првите луѓе – а тоа ќе бидат луѓе со тешки повреди на ‘рбетниот мозок, како што се тетраплегични и квадриплегичари – следната година, до одобрението на американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Маск вели дека „стандардите на Neuralink за имплантација на уреди се значително повисоки од она што го бара ФДА“.

– Забрзување на напредокот ќе следи кога следната година ќе имаме уреди кај луѓето (тешко е да има нијансирани разговори со мајмуни) – напиша тој на Твитер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Скопските градоначалници покажуваат свежина во работата

Следно

ВИДЕО | Атанасов: Револуција ќе биде кога Македонци ќе влезат во ДУИ, а решение е трета политичка надетничка сила

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian