Фудбалерите на Брентфорд со неверојатен пресврт во финишот ја славеа против Вотфорд со 2:1 во првиот натпревар од 16 коло во Премиер лигата.
Фудбалерите на Вотфорд се надеваа дека ќе ја прекинат серијата од три пораз од фаворитите Лестер, Челси и Манчестер сити, имаа водство од 0:1 до 84 минута, но на крајот го доживеаја четвртиот пораз по ред.
Вотфорд поведе со голот на Денис во 24 минута и предноста ја чуваа се до 84 минута кога Јансон го израмни резултатот. Во петтата минута од судиското продолжение, дефанзивецот на Вотфорд, Еконг направи пенал кој го реализира Мбуемо за победа на домашниот тим од 2:1.
Брентфорд со победата се искачи на 10 место на табелата со 20 бода, додека Вотфорд остана на 17. Позиција со 13 бода, три повеќе од зоната на испаѓање.