Лекот на AstraZeneca против коронавирусот е одобрен само за возрасни и адолесценти

1 min read

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот „АстраЗенека“ против коронавирус – „Evusheld“. Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата.

Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразените.

Вакцината „АстраЗенека“ сè уште не е одобрена во САД.

Како што пренесува „Гласот на Америка“, истражувањата покажале дека лекот „Evusheld“ ја спречува инфекцијата со Ковид и манифестирањето на симптомите во 77 отсто од случаите.

Предвидено е лекот да се дава во две инјекции, а заштитата трае од седум месеци до една година.

Иако вакцините се најефикасна заштита од ковид 19, на луѓето со ослабен имунитет и на оние кои лошо реагирале на вакцините им треба алтернатива, вели една од директорките на ФДА, Патриша Кавазони.

Сепак, ФДА додаде дека „АстраЗенека“ не е замена за вакцинирање на луѓе кои се препорачани за вакцината.

Коктел со антитела може да спречи, во раните фази, развој на тешка клиничка слика на Ковид.

Слични лекови веќе произведуваат Eli Lily, Regeneron и GlaxoSmithKline Klein.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 10 декември: Ви преостанува само да уживате во животот!

Следно

Рецепт: Смути со боровинки и бадеми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian