Исчистена дивата депонија кај Миладиновци во Илинден

1 min read

Општина Илинден реализираше акција за чистење на дива депонија во близина на парк шумата во н.м. Миладиновци како и на потегот од Миладиновци кон автопатот од левата и десната страна.

Акцијата се спроведе во соработка со екипите на ЈКП „Илинден” и општествено одговорни компании, а собран и транспортиран е кабаст отпад, градежен шут и мешан комунален отпад.

Активностите ќе продолжат и во текот на наредните денови се додека локацијата не биде целосно исчистена.

На акцијата присуствување и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека со отстранувањето на дивите депонии, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата, како и подобрување на животната средина.

Градоначалникот додаде дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со акции за чистење на диви депонии.

Од локалната самоуправа апелираат до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

СПРЕЧЕТЕ ГО ПРЕРАНОТО СТАРЕЕЊЕ НА КОЖАТА: Овие 5 антиоксиданси треба да ги користат сите жени по 30!

Следно

Студија: Сојот омикрон е четири пати позаразен од делтата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian