Група граѓани „уапсиле“ директор на грчко средно училиште поради ковид мерки

1 min read

Група граѓани кои самите се нарекуваат „Заштитници на Уставот”, а се против мерките за заштита од ковид-19, против вакцината и генерално го негираат постоењето на пандемијата, утрово предизвикале инцидент во средно училиште во грчкиот град Егинио, во областа Пиерија, кога „го уапсиле” директорот и го одвеле во полициска станица, пишува грчки Катимерини.

Според грчките медиуми, полицијата ги привела сторителите, вкупно 11 лица, а инцидентот се случил рано утрово, кога го пресретнале директорот при пристигнувањето во училиштето. Тие прво го нападнале, му ставиле лисици на рацете, насилно го внеле во еден од нивните автомобил и го однеле во полициска станица, со образложение дека го прекршил Уставот со тоа што ги спроведувал мерките за заштита од ковид-19.

Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос го осуди инцидентот и упати предупредување дека „ваков вид однесувања се провокативни и неприфатливи, а полицијата не смее да дозволи нивно повторување”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За Халанд постојат само четири опции по Борусија, тие се Баерн, Реал, Барселона и Сити

Следно

ФОТО | Ким Кардашијан сподели ретро фотка од неа и Кортни: „Кул сме“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian