ФОТО | Даниела Мартиновиќ ја покажа новата фризура: Изгледа како девојче!

2 mins read

Сплитската пејачка Даниела Мартиновиќ (50) со својот изглед доби разни комплименти, а често се коментира дека пејачката изгледа беспрекорно во петтата деценија од животот.

Овој пат таа се пофали со новата фризура и повторно ги воодушеви своите фанови. Имено, таа не го менува често имиџот, а сега промената во нејзината фризура се состои во шишките со кои одамна не сме ја виделе.

„Предновогодишно освежување. За нас веќе започнаа подготовките за 2022 година“, напишала Даниела во описот на фотографијата од новата фризура.

Набрзо собрала над 2.000 лајкови и бројни комплименти од своите верни обожаватели. Како и секогаш, многумина беа воодушевени од нејзиниот младешки изглед.

„Данчи, прекрасна си во секој поглед“, ѝ напишала една обожавателка.

„Никој не ти е ниту до колена, драга Даниелице“, додала друга.

„Вечно девојче“, се нижеле бројни комплименти.

Пејачката преку објава откри дека се наоѓа во Сараево, а многу обожаватели веднаш ја прашаа дали одржува концерт таму за да дојдат да ја видат.

Таа неодамна изјави дека не може да го замисли животот без вежбање и дека нејзиното тело секогаш мора да биде во движење. Покрај тоа, рекла дека секогаш се грижи за својата кожа и темелно ја отстранува шминката, но и дека во изминатава година драстично го променила начинот на исхрана во поздрава.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дачиќ: Србија го поддржува Дејтонскиот договор

Следно

Голф се запали на „Џон Кенеди“ среде ноќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian