Финска на јавен тендер избра борбени авиони Локхид Мартин Ф-35 од американско производство за да го замени својот стар авион Ф/А-18 и планира да нарача 64, објави денеска финската влада, пренесува Ројтерс.
Локхид Мартин конкурираше за договорот со шведскиот Сааб, американскиот Боинг, францускиот Дасо и британската компанија BAE Systems.
Според владата, договорот е во вредност од 8,378 милијарди евра или 9,44 милијарди американски долари.
„Кога се споредуваат воените перформанси, Ф-35 најдобро ги задоволува нашите потреби“, рече министерот за одбрана Анти Кајконен на прес-конференција.
Потрагата по новиот авион започна кон крајот на 2015 година за да ги замени старите ловци Хорнет купени во 1992 година од Мекдонел Даглас, кој сега е дел од Боинг.
Финска е 14-та земја која одлучи да купи авиони Ф-35.
Финска не е членка на НАТО, за разлика од Норвешка, но во последните години воспостави силни врски со Алијансата и се одлучи за воена опрема компатибилна со опремата на нејзините членки