Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е прогласен за играч на последното шесто коло во групната фаза во Лигата на Европа.
Наполи на стадионот „Диего Марадона“ вчера со 3:2 го совлада Лестер и обезбеди пласман во нокаут-фазата, а најголеми заслуги за овој успех има токму Елмас.
Македонскиот репрезентативец постигна два гола за Наполи, првиот во 24 минута, а вториот го даде на стартот од второто полувреме и со него ја завери победата на италијанскиот тим.
Поради тоа, УЕФА го прогласи „дијамантот“ за играч на шестото коло во Лигата на Европа.
Eljif Elmas = Player of the Week winner! 🏅
Agree with the order? 🤷@hankookreifen | #UELPOTW | #UEL pic.twitter.com/ONMjORTTME
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) December 10, 2021