Членовите на Кинеската комунистичка партија „обврзани да имаат три деца“

2 mins read

Во уводникот на кинескиот државен портал се вели дека членовите на Комунистичката партија се „обврзани да имаат три деца за доброто на земјата“, бидејќи Пекинг се обидува да го реши прашањето за падот на наталитетот.

Уводникот, кој првпат беше објавен минатиот месец, стана вирален оваа недела и предизвика жестока реакција кај кинеските интернет корисници, а беше прегледан, споделен и коментиран милион пати. Како што се интензивираа реакциите, оригиналниот напис исчезна од страницата, објави Гардијан.

Во текстот што го објави државниот медиум „China Reports Network“ се наведува дека сите членови на владејачката партија, која има околу 95 милиони „треба да преземат одговорност и обврска за растот на населението во земјата и да дејствуваат во согласност со политиката на три деца.“

„Ниту еден член на партијата не треба да користи никакви оправдувања, објективни или лични, за да не се ожени и да има деца, ниту може да има изговор да има само едно или две деца“, се вели во текстот.

Кина се соочува со демографска криза бидејќи нејзиното население старее и наталитетот се намалува. Според пописот од 2020 година, повеќе од 18 проценти се постари од 60 години. Податоците што ги објави Националното биро за статистика во ноември покажаа дека во 2020 година имало 8,5 раѓања на илјада жители и дека за прв пат по неколку децении таа бројка е под десет. Во 1978 година тој број бил над 18 на илјада жители.

Кинеската комунистичка партија воведе голем број мерки за справување со падот на наталитетот, вклучително и пониски трошоци за образование и воспитување, субвенции за второ и трето дете, но тие дадоа само делумни резултати.

Политиката за едно дете беше официјално завршена во 2016 година и беше заменета со ограничување за две деца за повеќето парови, така што оваа година границата повторно ќе се зголеми на три. Сепак, младите Кинези сè уште тврдат дека високите животни трошоци и притисоците поради долгите работни часови се пречка за раѓање деца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бака Прасе приведен на сослушување во врска со смртта на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ

Следно

ИНТЕРВЈУ Jован Деспотовски: Успехот во мојата работа ќе биде мерлив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian