Четири ракометарки на Камерун „исчезнаа“ за време на Мундијалот во Шпанија

1 min read

Четири репрезетативки на Камерун „исчезнаа“ од хотел во Валенсија, каде е сместена експедицијата на африканската држава за време на Светското првенство.

Според весникот „Марка“, пред одигрувањето на натпреварот за разгрување од 25 до 32 место против Ангола, Аполина Мишел Акобен, Јасмина Јотум, Амелија Кеваниа Мвуа и Жодела Кларис  Мајуфанг, не се појавија во автобусот кој требаше да ги однесе во салата во Лирија која се наоѓа северно од Валенсија.

Ниту ракометната федерација на Камерун, ниту Светската ракометна федерација досега не се огласија поради овој случај.

Шпанските медиуми шпекулираат дека ракометарките „исчезнале“ за да останат во Европа, во потрага по подобар живот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 361 случај на ковид и осум починати лица

Следно

Дачиќ: Србија го поддржува Дејтонскиот договор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian