Барселона го доби кошаркарското Ел Класико

1 min read

Во големото дерби во Евролигата, Барселона со 93:80 го совлада Реал Мадрид и остана сама на лидерската позиција на табелата по 14 кола.

„Кралевите подобро го отворија натпреварот и поведоа со 0:6, а потоа имаа и 4:11, но Барселона возврати со серија од 14:6 за водство од 18:17 и оттогаш не ја испушти предноста до крајот.

Во втората четвртина, предноста на каталонскиот тим беше двоцифрена, а најголемата предност ја имаа во треатата четвртина (60:46). До крајот на натпреварот, кошаркарите на Барселона рутински ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 93:80 за осамостојување на чело на табелата со скор 12-2, додека Реал е втор со скор 11-3.

Никола Миротиќ блескаше во дресот на Барселона со 31 поен и 10 скокови, Дејвис даде 16, а Лапровитола 14 поени, додека кај Реал најпрецизни беа Козер и Ертел со по 11 поени.

Резултати:
Жалгирис – ЦСКА Москва 51:73
Монако – Милано 65:71
Панатинаикос – Алба 82:67
Барселона – Реал Мадрид 93:80

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За нов лидер на СДСМ ќе гласаат 17 000 членови помалку одошто на минатите избори

Следно

Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian