Бабунски продолжува да ги тресе мрежите во бугарскиот шампионат

1 min read

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски сезонава игра во фантастична форма во бугарскиот шампионат и со нови два гола му донесе триумф на својот тим Ботев Враца од 4:2 на гостувањето кај Локомотив Пловдив.

Бабунски првиот гол го постигна во 10. минута од пенал и со него го отвори резултатот, а вториот го даде на стартот од второто полувреме, во 48 минута кога зголеми на 1:3.

Досега Доријан Бабунски постигна 10 гола за тимот на Ботев и се наоѓа на второто место на најдобри стрелци во бугарскиот шампионат, веднаш зад Сотитиу од Лугодорец кој има постигнато еден гол повеќе.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Научна конференција за тероризмот и предизвиците во откривањето на заканите

Следно

Список на божиќни подароци на семејството Кардашијан-Џенер: За некои не сте слушнале

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian