Анкета: Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за агресор

1 min read

Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за „непријателска земја“. Ова го покажуваат податоците од новата студија спроведена по распоредувањето на руски војници во близина на украинската граница.

Само 12 отсто од Украинците ја сметаат Русија за сојузник. Анкетата ја спроведе социолошката агенција „Рејтинг“. Во изминатите две години, процентот на Украинци кои бараат воведување визи за Руската Федерација значително се зголеми – во моментов тој изнесува 52 отсто.

Русија постави огромен број војници во близина на Украина. Американските разузнавачи посочија дека е можна инвазија врз Украина на почетокот на 2022 година. И покрај видео разговорот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин во вторникот, стравувањата од можен напад остануваат. Четириесет и шест проценти од испитаниците го поддржуваат учеството на Турција во преговорите за решавање на конфликтот во Донбас, исто толку се против. Украинците ги посочуваат земјите кои се најголеми сојузници на Киев: Канада, Литванија, Полска, Велика Британија, САД и Турција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО СТОРИЈА | Јованче – најмладиот љубител и колекционер на цвеќиња: Цвеќињата се синоним за среќа!

Следно

Жители на Грчец и Крушопек се гневни на ЕВН, полициски специјалци го чуваа пунктот во Ѓорче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian