Јакимовски им вети на Карпошани: Нема да се гради во Тафталиџе 1

1 min read

Во Тафталиџе 1 нема да се дозволи да се изгради ниту еден нов објект, вели градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, по шпекулациите во јавноста дека ќе има нова градежна експанзија во урбаната заедница Тафталиџе 1.

-Вистината е следна. Одговорно им тврдам на жителите на Тафталиџе 1 дека нема да се гради ниту еден објект на улиците Букурешка и Варшавска, иако се ставени во овие предлог-планови што ги гледавме во изминатиот период. Граѓаните треба да имаат доверба во својот градоначалник. Тоа што е ветено, ќе биде и исполнето од моја страна. Во други делови ќе пристапиме со огромна внимателност пред што и да било да треба да се прави затоа што пораката на граѓаните ни е јасна, а истовремено и нашите размислувања одат во таа насока. Поради тоа, не треба никој да се плаши ниту да го брани Тафталиџе од мене, вели Јакимовски во краткото видео објавено на неговата фејсбук-страница.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Требаше да бидам јас: Мајли Сајрус му испеа серенада на Пит Дејвидсон откако дозна дека ја отстранил заедничката тетоважа

Следно

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian